Дома Луд Спорт Проклетството на Олимписките игри: Рио шест месеци подоцна! (видео)

Проклетството на Олимписките игри: Рио шест месеци подоцна! (видео)

Проклетството на Олимписките игри не е ништо ново, а само повторно доби на популарност минатото лето пред ОИ во Рио кога се појавија слики од запуштените олимписки борилишта во Атина и нејзината околина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По тие фотографии од Атина беа објавени уште неколку галерии со слична содржина, само збогатени со нови документирани олимписки објекти во распаѓање од дел од останатите летни и зимски олимписки игри.

Тема која од организацискиот одбор на ОИ 2016 истакнуваа дека ќе ја избегнат со пренамена на олимпиското село и објектите во Рио де Жанеиро во објекти кои им се нужно потребни на локалното население.

Денеска, пола година по ОИ во Рио од тоа нема ништо, нешто за што зборува и видеото подолу во кое јасно се гледа дека Рио 2016 е само последното поглавје од олимпиското проклетство и уште еден атрибут на сите кои сметаат дека одржувањето на овој спортски настан е преголем и неоправдан трошок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…