Дома Фудбал Англија Готово: Марсијал останува верен на „ѓаволите“

Готово: Марсијал останува верен на „ѓаволите“

Ентони Марсијал наскоро ќе стави крај на сите шпекулации и ќе стави потпис на нов петгодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После неколку месечни преговори 23-годишниот Французин постигна договор со Манчестер Јунајтед, и во следните денови се очекува официјализација.

Јунајтед неодамна ја активираше клаузулата за едногодишно продолжување на договорот, но „црвените ѓаволи“ сакаа долгорочно решение.

Францускиот фудбалер во Јунајтед пристигна од Монако за 60 милиони евра. Вкупно за „Ѓаволите“ одигра 161 натпревар и постигна 46 погодоци, а оваа сезона постигна 10 погодоци во 25 запишани настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Колумбиски репрезентативец пристигна во Јувентус

Одбранбениот играч на Болоња, Џон Лукуми пристигна во Торино за да ги заврши медицинските …