Само една ноќ беше потребна Лука Дончиќ и Расел Вестбрук во целост да ги заменат улогите.
Пред две ноќи Дончиќ најдобар стрелец и втор најдобар додавач во својот тим во драматичната победа на Далас над Оклахома (105:103). Словенецот тогаш постигна 25 поени, тоа му беше 20-ти натпревар во НБА во која постигнува повеќе од 20 поени во досегашните 35 одиграни натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатата ноќ Весбтрук спектауларно му одговори на Дончиќ.
Вестбрук стигна до 10-тиот трипл-дабл во сезоната и 114-ти во кариерата.
Учинокот на Вестбрук во победата на Оклахома над Далас (122:102) гласеше 32 поени, 10 скокови и 10 асистенции.
Russell Westbrook notches his 10th triple-double of the season with 28 PTS, 10 REB, 10 AST! #ThunderUp pic.twitter.com/wmN1CvRndw
— NBA (@NBA) January 1, 2019
За Дончиќ пак после овој натпревар не се зборува, не затоа што одигра очајно. Напротив, постигна 17 поени, имаше шест скокови и три асистенции. Меѓутоа тоа е под неговиот овосезонски просек 19.6 поени, 6.5 скокови и 5.1 асистенции по натпревар.