Дома Фудбал Останато После спорниот гол, Партизан се одлучи за радикални мерки!

После спорниот гол, Партизан се одлучи за радикални мерки!

Сомнителниот гол на Црвена Звезда во големото градско дерби предизвика големи полемики во јавноста, но и ги натера челниците на Партизан да преземат радикални мерки пред гостувањето со Раднички во Ниш.

Имено, „црно-белите“ се одлучија на гостувањето во Ниш да донесат оперативци со камери, а како што пренесуваат српските медиуми нивната задача ќе биде да го снимаат мечот, а особено главниот и помишните судии. Па така во случај да се повторат спорните ситуации, клубот ќе ги има неопходните докази.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Причина за ваквиот потег на Партизан е секако незадоволството од судењето во последните неколку меча и сметаат дека судиите во Ниш можат да делуваат на резултатот со своите одлуки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валенсија му се поклони на Димитриевски: Столе е нашиот свет (Видео)

Македонскиот голман Столе Димитриевски блесна на голот на Валенсија, каде што конечно доби…