Дома Фудбал Останато 98% од фудбалерите во Серија А се вакцинирани, во Англија процентот е послаб

98% од фудбалерите во Серија А се вакцинирани, во Англија процентот е послаб

Дури 98% од фудбалерите во елитниот ранг на италијанскиот фудбал примиле по две дози вакцина, објави Серија А.

Серија А сезонава не беше многу погодена од пандемијата, а бројот на позитивни случаи помеѓу играчите е релативно низок.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Да ја одиграме својата улога и да се вакцинираме за себе и да ги заштитиме најранливите“, напиша на Твитер Џорџо Киелини, дефанзивецот на Јувентус и репрезентативец на Италија.

Италијанскиот национален здравствен институт во средата соопшти дека делта сојот и понатаму преовладува во земјата. Ситуацијата е целосноа спротивна во Англија, каде што три натпревари во средината на неделата се одложени, а уште пет најмалку нема да се играат за викендот поради проблеми на екипите со голем број заразени.

Последните податоци од Премиер лигата покажуваат дека 81% од играчите примиле една доза, додека со две се вакцинирале 68%. Англиската фудбалска лига во која се наоѓаат клубовите од вториот до четвртиот ранг објави дека 25% од фудбалерите од 72 клуба одбиле да се вакцинираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …