На почетокот на април фудбалскиот свет го очекува ¼ финалето во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат Реал Мадрид и Јувентус.
Првиот натпревар е закажан за 3 април, додека реваншот се игра на „Сантијаго Бернабеу“ седум дена подоцна. Стадионот на Јувентус е од поодмна распородаден, но картите за реваншот во Мадрид ги „снема“ во рекорден период.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Сигурно дека овој двомеч привлекува најголемо внимание, а изгледа дека навивачите на Реал не можат да го дочекаат реваншот кога Јувентус ќе гостува на „Бернабеу“.
Интересот за реваншот беше огромен и 81.044 влезници беа распородадени за верувале или не осум минути. Што значи повеќе од 10.000 влезници во минута!
Значи, влезниците за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус беа пуштени утрово во 10:00 часот, а веќе во 10:08 целиот стадион беше распродаден.
До влезници за овој натпревар можеа да дојдат само фановите на кои имаат сензонски карти за натпреварите на Реал Мадрид во Ла лига кои имаат предност при купувањето карти за сите останати натпревари на „кралевите“.