Интер и Барселона ги продолжуваат преговорите за трансфер на Артуро Видал на „Џузепе Меаца“, пренесува „Газета дело Спорт“.
Видал е примарна трансфер цен на Антонио Конте, а последните информации од Апенините говорат дека „нероаѕурите“ веќе постигнале комплетен договор со агентот на Чилеанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, преговорите со Барселона засега не одат во права насока и постои дистанца од 8 милиони евра помеѓу понудата и сумата која ја бараат Каталонците.
Раководството на Интер нуди 12 милиони евра, додека Каталонците не сакаат да го пуштат играчот за помалку од 20 милиони евра.
Агентот на Видал, Фернандо Феличевич има одлични односи со Интер уште од летото кога го донесе Алексис Санчез во Милано, па инсистира да ја финализира зделката со Видал.
FC Barcelona | El Inter viene a por Arturo Vidal https://t.co/ICeK9HZWbG
— Deportes DDS (@deportesDDS) December 26, 2019