Дома Фудбал Англија Анчелоти ги пакува куферите за Островот: Следна дестинација Лондон?!

Анчелоти ги пакува куферите за Островот: Следна дестинација Лондон?!

Карло Анчелоти одлучи повторно да се пресели во Лондон, пренесоа денес англиските медиуми и такаа ги подгреаа гласините дека ќе се врати во Премиер лигата.

Италијанецот во септември го напушти Баерн Минхен од тогаш е поврзуван со Милан, италијанската репрезентација, но и со неколку англиски клубови.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Вест Хем не беше доволно примамлив, Анчелоти одлучи да го почека вистинскиот повик и изгледа дека наскоро тоа ќе се случи.

Меѓутоа, која е неговата следна станица во Англија?!

Јасно е дека Манчестер и Ливерпул отпаѓаат како градови, а бидејќи веќе се сели во Лондон, на Островот се шпекулира дека Арсенал е можна опција, како и Тотенхем, ако Покетино го прими позивот од Париз или Мадрид, тука е и Челзи, кој е најмалку веројатен бидејќи Анчелоти е пријател со Конте и не би сакал да го наследи.

Анчелоти пред неколку недели најави враќање од летово, а повторна селидба во Лондон би можела да наговести дека ќе преземе токму некој од споменатите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Даглас Луиз брзо ја преболе Алиша Леман: Сега е во врска со ќерка на легенда на Арсенал

Бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Астон Вила, Даглас Луиз, брзо се справи со раскино…