Европската авантура на Шкендија заврши и тоа крајно неславно.
Шкендија во Европа излезе како шампион на ПМФЛ, а таму не претстави како далеку од такво нешто. Противници како Мура и Рига не треба да изгледаат како да се далеку од Шкендија, но на теренот беше токму така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стартуваа тетовци дома со Мура со пораз 0:1, следуваше дебакл на гости од 5:0. Така се преселија во Конференциската лига каде што се сретнаа со Рига. Уште по првиот натпревар на гости беше јасно дека Шкендија иако ја имаше фаворитската улога тешко ќе се справи, тетовци запишаа пораз од 2:0.
На денешниот натпревар во Скопје одново беа поразени. Резултатот гласеше 0:1, а единствениот гол на натпреварот го постигна Соисало на стартот од второто полувреме.
Така Шкендија ја завршува европската авантура со биланс од четири порази во исто толку натпревари и гол разлика од девет примени гола и ниту еден даден – катастрофа!
Останува да се види дали раководството на Шкендија ќе реагира после ваквите натпревари, затоа што реално Шкендија има тим за повеќе, проблемот веројатно треба да се бара во стручниот штаб