Дома Фудбал Германија Бундеслига: Дортмунд „испушти“ два гола предност – Само бод за „милионерите“! (Видео)

Бундеслига: Дортмунд „испушти“ два гола предност – Само бод за „милионерите“! (Видео)

Денес во Бундеслигата во рамките од деветото коло со почеток од 15:30 часот се одиграа четири натпревари, а најголемо изненадување секако е ремито на Борусија Дортмунд на гостински терен против Франкфурт.

„Милионерите“ после поразот од Лајпциг минатото сега одигра 2:2 против Франкфурт. Гостите добро го започнаа натпреварот, Нури Сахин во 19 минута го искористи обидот за шут на Марк Бартра и успеа да ја затресе мрежата на чуварот на мрежата на Франкфурт. Дортмунд во овој период беше подобар противник, но втор погдок во привот дел не успеаа да постигат.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во вториот дел во 57 минута од средбата Максимилијан Филип зголемува на 0:2. Сепак, ова не беше доволно за „милионерите“ во Дортмунд да се вратат со три бода.

Најпрво Халер од пенал во 64 минута намали на 1:2, а само четири минути подоцна Волф постигнува гол за изедначување. Во продолжение резултатот не се менуваше, па двете екипи ги поделија бодовите.

Во останатите натпревари Хановер го совлада Аугусбург со 1:2, Леверкузен на гостински терен ја торпедираше Борусија Менхенгладбах со убедливи 1:5, додека Лајпциг минимално со 1:0 го совлада Штудграрт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баерн има страшен старт на сезоната – девет победи на девет меча!

Баерн Минхен ја започна сезоната на фантастичен начин – со максимален ефект во сите …