Дома Останати Кошарка 30 години без Дражен Петровиќ, неговата мајка трагичната вест ја добила од Македонка

30 години без Дражен Петровиќ, неговата мајка трагичната вест ја добила од Македонка

На денешен ден пред 30 години Хрватска и светот беа завиени во црно. На 7 јуни 1993 година загина Дражен Петровиќ во тешка сообраќајна несреќа за која до ден денес се зборува во светот на спортот.

„Кошаркарскиот Моцарт“ трагично загина на врвот на својата слава, на 29-годишна возраст, во близина на Денкендорф, враќајќи се од Полска, каде играше за репрезентацијата на Хрватска против Словенија во квалификациите за Европското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во попладневните часови тој кобен ден, по Дражен на аеродромот во Франкфурт пристигнала неговата девојка Клара Шаланци во друштво на пријателката Хилал Едебал која била турска кошаркарка. Дражен и Клара биле во врска неколку месеци. Таа требала да го однесе Дражен до Минхен, а потоа на автопатот А9 кај градот Денкендорф се случила катастрофа. Клара со својот Голф се судрила со камион од марката Мерцедес, а наводно возела со 160 километри на час. Петровиќ спиел на сoвозачкото седиште и починал на лице место по ударот.

Дражен Петровиќ е роден на 22 октомври 1964 година во Шибеник, а на само 15 години заигра за првиот тим на Шибеник. Подоцна се пресели во Цибона, со која доминираше во поранешната југословенска лига и во Европа каде освои две титули.

Потоа една сезона играше за Реал (1988-1989), пред да замине во најсилната лига во светот, НБА, прво во Портланд трејл блејзерс, а подоцна и во Њу Џерси нетс, каде целосно го смени имиџот на европските играчи и им го олесни доаѓањето во НБА лигата, а тој го зацементира статусот на најдобар европски кошаркар на сите времиња.

Дебитираше за репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во Лос Анџелес 1980 година, каде освои бронзен медал. Истиот медал и МВП-награда ги освои на Светското првенство во Шпанија во 1986 година, како и на Европското првенство во Грција во 1987 година.

Веста за неговата смрт на мајката на Дражен била пренесена од Македонка.

„На тој 7. јуни чекав Дражен да ми се јави. Секогаш во еден дел од патот ми се јавуваше. Заѕвоне телефонот, помислив дека е тој но не беше така. Добив повик од Германија од некоја Македонка, нејзиниот глас ќе го паметам додека сум жива. На хрватски прво ме праша дали тоа е домот на Дражен, а потоа ми кажа дека загинал во собраќајна несреќа. Почнав да плачам, слушалката ми падна од раце и во таква состојба тргнав кон балконот, за среќа со мене беше мојот сопруг кој ме спаси“, раскажа Бисерка во едно интервју

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Само еден фудбалер бил подобар од Миовски викендов во Ла Лига 📸

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски викендов го одигра најдобриот натпревар од неговото при…