Дома Трансфер зона Хари Кејн ќе побара трансфер

Хари Кејн ќе побара трансфер

Големата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн ќе побара трансфер на крајот на сезоната.

Информацијата ја пласираат англиските медиуми и тврдат дека конечната одлука ќе биде донесена после Европското првенство, но Хари Кејн веќе е разочаран што не освојува трофеи.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Кејн веќе најави дека размислува за трансфер бидејќи сака да игра во тим кој ќе се бори за трофеи и наводно е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи не е задоволен од политиката на клубот.

Меѓутоа, напаѓачот има договор со „спарси“ до 2024 година, па Тотенхем сигурно нема така лесно да го пушти и ќе бара рекордна сума.

Како фаворит за неговиот потпис важат клубовите од Манчестер, кои внимателно ја следат ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…