Дома Фудбал Останато Изненадување: Венгер се враќа на тренерската клупа

Изненадување: Венгер се враќа на тренерската клупа

Легендарниот француски тренер Арсен Венгер се наоѓа пред враќање на тренерската работа.

Медиумите од Холандија објавија дека 70-годишниот стратег е прв кандидат за селекторската функција на репрезентацијата, која ќе ја напушти Роналд Куман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Куман ќе биде нов тренер на Барселона, па така останува празно местото на холанѓанската репрезентација, а Венгер реши брзо да реагира и ги понудил своите услуги.

Наводно постои интерес и од Фудбалскиот сојуз на Холандија и нема да биде чудно доколку Венгер седне на селекторското место.

Минатата недела француските медиуми пишуваа дека Венгер ја одбил понудата на Барселона да го замени Сетиен, бидејќи повеќе сака да ја води Холандија на Европското првенство следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити го освои Карабао купот по победата над Арсенал

Манчестер Сити го освои Карабао купот, откако убедливо победи со 2:0 во финалето против Ар…