Жан-Клер Тодибо на почетокот на годината пристигна во Барселона како еден од најперспективните дефанзивци во Европа, но не може да се избори со конкуренцијата на „Камп Ноу“.
Младиот Французин до сега запиша само три настапи за Барселона, а во јануари би можел да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Тобидо интерес покажуваат англиските клубови, Баер Леверкузен, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Милан.
Наводно Малдини веќе имал телефонски разговор со спортскиот директор на Каталонците, Абидал и сака да го донесе Тобидо на „Сан Сиро“.
Синоќа младиот Французин одигра одличен натпревар против Интер во ЛШ и тоа пред очите на скаутите на Милан, па „Спортмедиасет“ тврди дека тој ќе биде прва трансфер цел на „росонерите“ во зимскиот преоден рок.
Барселона е спремна да го пушти дефанзивецот, па останува уште двата клуба да ја договорат формулата на трансферот,а проблем може да биде фактот што Каталонците сакаат да стават „бај-бек“ клаузула со која ќе можат да го вратат дефанзивецот во наредните две години.
? Mediaset: #ACMilan awaiting response as Maldini tables first bid for defenderhttps://t.co/rz2M4rcZlW
— SempreMilan (@SempreMilanCom) December 11, 2019