Петра Марчинко е најдобрата јуниорка во светот и зад себе има сезона од соништата. Хрватската се избори за финале на ИТФ турнирот во Анталија, а освен тоа ја запиша и 23. победа по ред.
Во финалето таа се пласираше откако ја победи поранешната 47. Тенисерка во светот Јафан Ванг која е дури 11 години повозрасна од 16-годишната Хрватка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно Марчинко го освои јуниорскиот Австралија Опен, а сега за титула во Анталија ќе игра против Елизабета. Нема сомневање дека ако продолжи во вакво темпо ја чека голема кариера во женскиот тенис.