Дома Трансфер зона На Анчелоти не му смета карактерот: Го сака Диего Коста во Наполи

На Анчелоти не му смета карактерот: Го сака Диего Коста во Наполи

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста е на излезна врата откако влезе во конфликт со тренерот Диего Симеоне.

Коста ја заврши сезоната со недоличното однесување по црвениот картон во мечот против Барселона. Потоа одби да тренира и влезе во расправија со Симеоне, па медиумите се сигурни дека неговите денови во Атлетико се изброени.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, напаѓачот нема да чека долго за нов ангажман, зашто тој е голема желба на Наполи, кој би можел летово да тргне по неговиот потпис.

Тренерот Карло Анчелоти ги цени квалитетите на Коста, а според тврдењата на „Кориере дело Спорт“, тој добил дозвола од раководството да го ангажира искусниот напаѓач доколку смета дека му е потребен.

Единствен проблем при реализација на трансферот може да биде големата плата на 30-годишниот напаѓач, па доколку сака да се реализира трансферот ќе мора да прифати помала плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…