Јувентус потврди дека 121 лице од клубот се во самоизолација, вклучувајќи ги играчите, директорите и членовите на стручниот штаб откако беше откриено дека Даниеле Ругани има коронавирус.
Ругани беше првиот фудбалер во Серија А кој е позитивен на коронавирусот, денес после фудбалерот на Јувентус се потврди дека со овој вирус се заразил и напаѓачот на Сампдорија Маноло Гамбјадини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Помеѓу оние од Јувентус кои се во самоизолација е и претседателот на клубот, Андреа Ањели.
„После вчерашните вести со позитивниот тест на Ругани на коронавирусот – КОВИД 19, 121 лице вклучувајќи ги играчите, членовите на стручниот штаб, директорите, вработените во клубот…Се одлучија на доброволна самоизолација во склад со правилата кои се на сила“, стои во официјалното соопштение од торинскиот гигант.
Со видео порака се огласи и самиот претседател на клубот Андреа Ањели кој потврди дека и тој е во самоизолација од вчера. Тој ја искористи приликата и да ја промовира кампањата за собирање на парични средства за болницата во регионот Пјемонт.
In such a delicate moment, we want to make our contribution. Donate together with Juventus ➡️ https://t.co/94eZuoUWG2#LiveAhead pic.twitter.com/f8YMSmbXrj
— JuventusFC (@juventusfcen) March 12, 2020