Дома Фудбал Останато „10-ката треба да се повлече во сите клубови каде што играше мојот татко“

„10-ката треба да се повлече во сите клубови каде што играше мојот татко“

Диего Марадона почина минатата недела на 60 годишна возраст.

Смртта на големиот Армандо ги погоди љубителите на фудбалот ширум светот, а секако најтешко погодено е неговото семејство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синот на Диего една недела по смртта на неговиот татко собра сили да разговара со медиумите.

„Не можам да прифатам дека го нема. Не можам…Имаше уште многу години пред себе, уште многу години уживање со семејството. Тоа никогаш нема да можам да го прифатам. Замина прерарно. Ништо повеќе нема да биде како порано. Нема да биде тука да крене слушалка и да разговараме на разни теми“.

Смета дека 10-ката треба да се повлече во клубовите каде што играл Диего.

„Мислам дека тоа треба да се направи во сите клубови каде што играше мојот татко, вклучувајќи ја и Барселона. Нема дилеми“, изјави синот на Марадона.

Диего кариерата ја започна во Аргентинос Јуниорс, а потоа настапуваше за Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља и Њуелс Олд Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…