Дома Македонски спорт Џудо Клубот Сеишин-Прилеп ги награди најдобрите натпреварувачи за 2018

Џудо Клубот Сеишин-Прилеп ги награди најдобрите натпреварувачи за 2018

Џудо Клубот Сеишин-Прилеп во петокот го одржа последниот тренинг за 2018 година, на кој беа доделени награди за најдобрите натпреварувачи за 2018 година на ниво на клубот.

Во натпреварувачката 2018 година ЏудоКлубот СЕИШИН Прилеп зеде учество на вкупно 8 Државни Првенства со освоени 74 МЕДАЛИ, 10 Меѓународни турнири со освоени 78 МЕДАЛИ и 3 Балкански Првенства (членови на клубот како претставници на Репрезентацијата на РМ) освоени 7 МЕДАЛИ и 1 европски куп без пласман.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено на овие Првенства освоени се вкупно 159 МЕДАЛИ . Најзначаен успех е освоеното 2-ро место на Христијан Ѓураков и 3-то место на Александра Најдоска на Балканското Првенство за Сениори и 2-то место во Екипна конкуренција исто така на Балканското Првенство за Сениори-ки како членови на репрезентацијата од нашиот клуб беа: Христијан Ѓураков, Марио Тошески, Кристијан Тошески, Бобан Глигуроски и Александра Најдоска.

Исто така оваа година Клубот СЕИШИН беше добитник на престижната 3 Ноемвриска награда доделена од Општина Прилеп за посебни заслуги од областа на спортот а ги одбележа и двата јубилеја 15 години од формирањето на клубот и 10 години од Меѓународниот Турнир „Прилеп Град Херој-2018“ кој стана препознатлив во Балкански рамки.

ЛИСТА НА НАЈДОБРИ НА НИВО НА КЛУБ ЗА 2018
ГОДИНА:

Ветерани: Киро Здравески, Маке
Спиркоски и Ацо Божиноски.

Сениори: Христијан Ѓураков

Јуниорки: Александра Најдоска

Јуниори: Марио Цинцароски

Кадетки: Теодора Димеска

Кадети: Јован Најдоски

Пионерки: Леона Настоска

Пионери: Андреј Трајковски

Помлади Пионерки: Теа Настоска

Помлади Пионери: Никола Магдески

Деца девојчиња: Анастасија Кузманоска

Деца момчиња: Борис Џагадуроски

НАЈУСПЕШЕН НАТПРЕВАРУВАЧ на ниво на
Клуб е прогласен Јован Најдоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (…