Британскиот боксер Ентони Џошуа, поранешен светски шампион во тешка категорија, ќе се врати во професионалниот ринг следната пролет, тврдат повеќе релевантни извори. Противник на 33-годишникот ќе биде Американецот Џермејн Френклин.
Настанот на кој поранешниот олимписки шампион ќе им се врати на натпреварите ќе биде организиран на први април во лондонската „О2 арена“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во претходните два меча Џошуа беше поразен од Украинецот Александар Усик, а промотерите се обидоа да му најдат ривал против кој ќе биде голем фаворит, за да се врати на победничките патеки и да си ја врати разнишаната самодоверба.
Се чини дека им успеа бидејќи противник ќе му биде Американецот Џермејн Френклин (22-1), кој на претходниот меч ја „игра истата улога“ против уште една британска ѕвезда – Дилијан Вајт.
Во ноември, Вајт го победи Френклин со мнозинска одлука, исто така во Лондон, но 29-годишниот боксер од Мичиген покажа дека го има она што е потребно за да ги спречи најголемите ѕвезди во тешка категорија.
Во последните пет меча Џошуа беше трипати поразен, а досега во професионалната кариера има биланс од 24 победи (22 КО) и 3 порази.