Дома Фудбал Останато Џон Оби Микел одби да игра, па доби отказ: Не сакав да играм во ваква ситуација

Џон Оби Микел одби да игра, па доби отказ: Не сакав да играм во ваква ситуација

Легендарниот Џон Оби Микел ја има една од најчудните приказни во овој кризен период.

Додека цел свет се затвара и кога во Европа во голем дел држави е прогласен вонредна состојба, Турците и понатаму играат фудбал. Поранешниот играч на Челзи, Џон Оби Микел ја критикувшае таквата одлука на сојузот во оваа земја, сметајќи дека паметно и Суперлигата во Турција да направи пауза.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Само еден ден подоцна Трабзонспор го отпушти, а Микел потоа испрати силна порака.

„Во животот има и поважни работи од фудбалот. Не се чувствував сигурно и не сакав да играм во таква ситуација. Секој би требало да биде дома со своето семејство во овој критичен период. Сезоната треба да биде прекината како и во останатите првенстви, цел свет се наоѓа во навистина турбулентен период“, гласеше пораката на Микел.

Нигериецот така остана без договор и извесно е дека до крајот на сезоната нема да пронајде нов клуб затоа што сега не ни можат нормално да се завршуваат трансфери, а и прашање е кога и дали првенствата ќе продолжат.

Во Трабзонспор тој пристигна минатото лето како слободен играч и потпиша договор на две години, но од клубот си заминува после само неколку месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не е од Бразил: Винисиус со ДНК тест дозна од каде потекнува

Често пати контроверзниот на терените, Винисиус Жуниор одлучи да направи ДНК тест за да го…