Турскиот гигант Галатасарај покажува сериозен интерес за офанзивниот играч на Ливерпул, Џердан Шаќири, пренесуваат турските медиуми.
Галатсарај ќе се обида да го донесе Шаќири во зимскиот преоден рок за да ја зголеми класата во тимот со оглед на фактот што во моментов се наоѓа на 5-то место во турското првенство и има потреба од засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шаќири не ја исклучува можноста за трансфер во Галатасарај бидејќи смета дека таму ќе има поголема минутажа и ќе може да биде во добра форма пред Европското првенство.
Швајцарецот нема голема минутажа во Ливерпул бидејќи Клоп го користи како „џокер“ од клупата за резерви, а со доаѓањето на Минамимо додатно ќе се намали неговиот простор за игра.