Фудбалерот на Вест Хем, Џек Вилшер набрзо би можел да направи трансфер во Италија.
Интерес за Вилшер покажал тимот на Горан Пандев, Џенова. Според информациите понудата од Џенова наскоро треба да стигне на адреса на Вест Хем.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тој во Вест Хем стигна пред две години од Арсенал, но никако не успеа да ја оживеа кариерата која му оди во надолна линија поради големиот број повреди.
Вилшер одигра само 16 натпревари во две сезони во дресот на Вест Хем и би можел без многу успех да ја заврши епизодата.
Наводно во Џенова сметаат дека Вилшер може да ја оживее својата кариера и да им помогне.