Дома Трансфер зона Џек Вилшер конечно си заминува од Арсенал, ова е неговиот нов клуб

Џек Вилшер конечно си заминува од Арсенал, ова е неговиот нов клуб

Џек Вилшер редовно се поврзува со заминување од Арсенал, а денеска пристигнуваат информации дека Рој Хоџсон се обидува да го донесе во Кристал Палас во јануари.

„Орлите“ се најлошата екипа во лигата оваа сезона, иако работите почнаа да се подобруваат со доаѓањето на искусниот Хоџсон на клупата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


За малку да ја размрда екипата, Хоџсон планира да го доведе Вилшер, кој оваа сезона настапи само во Лигата на Европа и Лига Купот, додека вкупно има само 22 минути во Премиер лигата.

Договорот со „Топчиите“ му истекува на лето, а неговата ситуација ја следат и Вест Хем, Свонси и Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…