Поранешниот тренер на Милан, Марко Џампаоло се чини дека нема да биде уште долго без ангажман.
Џампаоло летоска пристигна во Милан со големи очекувања, но четирите порази во првите седум натпревари и слабите игри на Росонерите му донесоа отказ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, последните информации од италијанските медиуми велат дека Џампаоло од следното лето би можеле повторно да го гледаме во Серија А. За неговите услуги е заинтересиран клубот на нашиот репрезентативец, Несторовски, Удинезе.
Со оглед на фактот дека во Италија еден тренер не може да предводи два различни тима во иста сезона, Џампаоло би можел да биде ангажиран следното лето.
„Лука Готи, кој е како привремено решение, најверојатно ќе остане на клупата до крајот на сезоната.“ – наведува Калчомеркато.
Џампаоло сигурно нема да брза, особено со оглед на тоа што Милан има обврска да му дава плата се додека не најде нов ангажман.