Дома Фудбал Италија Џампаоло денес добива отказ, познат неговиот наследник

Џампаоло денес добива отказ, познат неговиот наследник

Милан на катастрофален начин ја отвори сезоната и после првите седум кола веќе има три порази.

Италијанските медиуми пренесуваат дека победата над Џенова најверојатно нема да му помогне на тренерот Џампаоло да го избегне отказот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Милан во последното ја победи Џенова во трилер натпревар, но играше лошо, па раководството не е задоволно од работата на тренерот и од изборот на играчи кои ги прави.

„Скај Спорт“ пренесува дека веќе е донесена одлука и Џампаоло денес официјално ќе добие отказ, а клубот моментално преговара за негов наследник.

Прва мета е Лучијано Спалети, кој наводно дал зелено светло, но сега треба да го раскине договорот со Интер бидејќи се уште е под договор со „нероаѕурите“.

Како алтернативи се споменуваат Пиоли и Раниери, кои се спремни да го преземат кормилото само до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го декласираше Њукасл, а потоа како „гром од ведро небо“ се јави Бруно Фернандеш (Фото)

Барселона синоќа пред своите навивачи го декласираше Њукасл со 7:2 и се пласираше во четвр…