Дома Останати Ќе се отстранат пречките за Суперкупот: Обезбедени средства за довршување на реконструкцијата на Телеком Арена

Ќе се отстранат пречките за Суперкупот: Обезбедени средства за довршување на реконструкцијата на Телеком Арена

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука со којашто укажува на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор да издвои средства во висина од 7 милиони денари од приходи од тековното работење на ова акционерско друштво, за итна набавка на клима уреди за потребите на Телеком Арената во Скопје, на којашто треба да се одигра натреварот во рамки на УЕФА Супер купот.

На претпријатието му се укажува останатите 4 милиони денари да ги резервира наменски за евентуални дополнителни тековни потреби. На седницата на Владата е информирано дека е договорено и со ФФМ да обезбеди резервни 5 милиони денари.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Со тоа се создадени услови за довршување на реконструкцијата на стадионот и за одржување на меѓународниот натпревар согласно стандардите на УЕФА, за што тим на организацијата ќе дојде следниот месец во земјава да направи проверка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…