Шефот на стручниот штаб на ПСЖ, Маурисио Покетино е убеден дека Нејмар и Килијан Мбапе и наредната сезона ќе го носат дресот на овој клуб.
Во последно време во медиумите многу се шпекулира за можно заминување на Нејмар и Мбапе од ПСЖ. Двајцата се поврзуваат со бројни клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Целта секогаш на ПСЖ е да ги задржи најдобрите, па така е и со Нејмар и Мбапе. Оптимист сум и верувам дека ќе останат. Верни се на клубот и знам дека секоја екипа сака да има такви играчи во своите редови. Што е до мене ќе направам се да останат“, порача Покетино.
На крајот новинарите го запрашаа и за пресметката со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, тој одговори дека секогаш сака да игра против Барселона.