Лионел Меси даде интересно ветување кое ќе мора да го исполни доколку Аргентина стигне до титулата на Светското првенство во Русија 2018 година.
„Гаучосите“ беа на работ на голем неуспех во јужноамериканските квалификации, но во одлучувачкиот натпревар блесна Лионел Меси кој ја одведе репрезентацијата на Мундијалот во Русија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред пријателските натпревари кои Аргентина ќе ги одигра во наредните денови, Меси разговараше со новинарите од аргентинскиот ТВ канал „ТyC Sports“, a во таа прилика даде интересно ветување.
Доколку, Аргентина го освои Мундијалот, Меси вети дека ќе пешачи од родниот град Росарио до Сан Николас. Одалеченоста помеѓу овие две дестинации е 68 километри и на Меси веројатно ќе му бидат потребни околу 14 часа пешачење.
Ова беше идеја на новинарот Мартин Аревал, но Меси без никакво размислување го прифати неговиот предлог.
„Лео, ајде заедно да дадеме едно ветување, секако доколку сакаш. Јас верувам во репрезентацијата. Ако бидеме шампиони ќе пешачиме ли од Росарио до Сан Николас?“, запраша Арвеал, а Меси веднаш одговори: „Секако“.
Со оглед на тоа дека по даденото ветување Меси и Аревал се ракуваа, договорот е постигнат, а дали ќе добијат прилика да го одржат ветувањето ќе дознаеме следната година во Русија.