Дома Фудбал Италија Ќе игра ли Дибала во дербито против Јувентус?

Ќе игра ли Дибала во дербито против Јувентус?

Фудбалерот на Рома, Паоло Дибала би можел да го пропушти претстојното дерби против Јувентус во рамките од 18-тото коло во Серија А.

Рома во Торино гостува во сабота од 20:45 часот. Дибала се повреди на 10-ти декември против Фиорентина, а ги пропушти средбите против Шериф, Болоња и Наполи.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Очекуваа во Рома Дибала да биде спремен за натпреварот против поранешниот клуб, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи.

Во досегашниот дел од сезоната Дибала одигра 11 натпревари и постигна четири гола. По 17 одиграни кола Рома е шеста на табелата со 28 бодови, додека Јувентус е на второто место со 40 бодови.

Ќе потсетиме, Дибала летото 2022 година пристигна во Рома од Јувентус и за „старата дама“ од 2015 година собра 210 настапи и постигна 82 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Утрото донесе лоши вести за сите навивачи на Барселона, но и за тренерот Флик

Откако синоќа аргентинскиот новинар Уго Баласоне објави вистинска бомба, утрото донесе ужа…