Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс конечно се врати на терените после тешката повреда поради која се опоравуваше повеќе од половина година.
Ројс во својата кариера имаше неколку поголеми повреди кои го одвојуваа од теренот по половина година. Тажната судбина на овој играч е што го пропушти скоро секое големо натпреварување со Германија бидејќи повредите доаѓаа кон крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако не настапи на претходните три големи натпреварувања со Германија, Ројс конечно би можел здрав да го дочека Мундијалот кој ова лето следи во Русија. Неодамна се опорави и се врати на терен, но многумина стравуваат дека ова „проклетство“ би можело да продолжи.
„За нас е најважно да остане здрав. Тоа е важно и поради фактот конечно да оди на едно големо натпреварување со репрезентацијата на Германија. Му благодарам на Бог засега е добро и нема проблеми со коленото, но мораме да внимавме“, изјави тренерот на Борусија Дортмунд, Питер Стогер.