Килијан Мбапе никогаш не криел дека е навивач на Реал Мадрид и многумина веруваат дека еден ден тој ќе заигра во дресот на „кралевите“.
Мбапе во овој момент игра за ПСЖ кој пред неколку години за него плати 180 милиони евра. Меѓутоа неодамна Мбапе изјави дека ПСЖ е само еден чекор во неговата кариера и дека сигурно ќе има нови предизвици.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од поодамна се знае дека од дете е голем навивач на Реал, „кралевите“ се обидуваа да го доведат и во летото 2019 година, но не успеаа во тоа.
Меѓутоа јасно е дека Флорентино Перез ќе треба да прави промени во играчкиот кадар и смената на генерации која доаѓа во Реал. Мбапе е главна негова жлеба и во него наводно гледа лидер на новите „Галактикоси“.
Но и покрај тоа Перез не сака да троши премногу. Со оглед на ситуацијата која ја создаде коронавирусот Перез според информациите на Шпанците одлучил да понуди 120 милиони евра на крајот на оваа сезона.
Ако ги погледнеме цените пред пандемијата сигурно дека Мбапе може да биде платен и многу повеќе, меѓутоа во ваква ситуација работите се менуваат.