На вчерашен ден пред 55 години е роден легендарниот Михаел Шумахер, а на неговиот роденден неговата ќерка Џина ја објави најубавата вест дека оваа година ќе се омажи за својата долгогодишна љубов Јан Бетке.
Нивната венчавка ќе се одржи во текот на летото и нема сомнеж дека оваа вест е најубавото нешто што семејството Шумахер можело да го слушне во последно време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Џина и Јан се запознале преку заедничка страст – јавање коњи, а во врска се повеќе од шест години. Тие се верија летото 2023 година, а летово љубовта ќе ја крунисаат со брак.
Венчавката ќе се одржи во Мајорка на приватниот имот на Шумахер, каде Михаел исто така престојуваше извесно време за време на неговото лекување.
Куќата во Мајорка вреди 30 милиони евра, има подлога за хеликоптер, поглед на море, главна куќа и неколку доградби, што одлично одговара на идејата за гламурозна свадба.
Прашање е само дали Михаел Шумахер ќе може да присуствува на свадбата на својата ќерка, бидејќи откако пред 10 години доживеа несреќа на француските Алпи, кога ја удри главата во карпа, речиси ништо не се знае за него, освен дека има сериозно оштетување на мозокот и дека по несреќата бил во кома и критичен.
Десет години за легендата на Формула 1 само знаеме врз основа на изјавите на неговите пријатели, кои имаат можност да го посетат.
Симболично, оваа вест за свадбата на неговата ќерка протече во медиумите на 55-тиот роденден на Шуми, а Џина не ја пропушти можноста да му честита на својот татко со емотивна фотографија од неа, нејзиниот брат Мик и Мајкл кога биле мали.
- Среќен роденден тато! Потсетување на една од нашите многубројни авантури – напиша таа во описот на фотографијата.