Раководството на Јувентус сериозно размислува да го продаде напаѓачот Душан Влаховиќ во јануари, пренесуваат италијанските медиуми.
Влаховиќ беше доведен како големо засилување за 80 милиони евра, но никако да ги оправда очекувањта, па оваа сезона постигна само 5 гола на 14 меча.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Влаховиќ и во летниот преоден рок беше на излезна врата и реши да остане во Торино, а сега е спремен да ја промени средината.
Најсилен интерес за него покажува Њукасл, кој нема да жали пари да го доведе во јануари бидејќи сака да го засили нападот.
Њукасл е спремен да испрати понуда од 80 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси, сума која ќе ги задоволи барањата на Јувентус.