
Тренерот на Јувентус, Тијагo Мота, не е загрозен на своето работно место и покрај тоа што неговиот тим доживеа срамна елиминација од Купот на Италија.
Старата дама во средата беше елиминирана во Торино од Купот на Италија од Емполи, по неуспешното изведување на пенали, бидејќи мечот во регуларното време заврши нерешено 1:1.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Тоа беше уште едно разочарување, кое фудбалерите на Јувентус им го приредија на навивачите по неодамнешното испаѓање од Лигата на шампионите од ПСВ Ајндховен, а исто така ни во Серија А не блескаат, каде што моментално се наоѓаат на четвртото место.
И покрај сите овие резултати, клубот јавно изрази поддршка на младиот тренер Тијагo Мота, кој пристигна минатото лето од Болоња. Спортскиот директор Кристијано Ѓунтоли рече дека управата на клубот верува во проектот на 42-годишниот стратег.
„Иднината на Тијагo Мота не е во опасност. Веруваме во овој проект, бидејќи тоа е вреден и значаен план за клубот. Секако, се согласуваме со Тијагo кога вели дека играта против Емполи беше неприфатлива“, изјави Кристијано Ѓунтоли за Скај Спорт Италија.