Манчестер Јунајтед повторно се наоѓа во тешка криза, доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим наместо Ерик тен Хаг среде сезона не промени ништо, тимот е само 14 во Премиер лигата со седум бодови повеќе од зоната на исфрлање, а што е уште полошо, денеска го очекува гостување кај неприкосновениот лидер Ливерпул, во најголемото дерби на Англија.
Имаше добри моменти, како победата над Манчестер Сити (2:1), но „црвените ѓаволи“ потоа влегоа во „црна“ серија.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Аморим изгуби пет од осум натпревари во Премиер лигата, а на последните три остана без бод и гол, и тоа во дуелите со Борнмут (0:3) и Њукасл дома (0:2), односно со Вулверхемптон на гости (0:2).
„Можете да видите по моето лице како се чувствувам, споредете какво беше кога дојдов. Тешко е кога не играте добро“, рече португалскиот стручњак.
Ако изгуби од Ливерпул, тоа ќе биде првпат Јунајтед да доживее четири врзани порази во лигата од февруари 1979 година.
А ако изгуби и повторно не постигне гол, тоа ќе биде првпат да доживее четири врзани порази со „нула“ од април 1909 година.
„Играчите се анксиозни, понекогаш и исплашени на теренот. Мораме да се справиме со тоа“, нагласи Аморим.
Дуелот на „Енфилд“ почнува во 17.30 часот.