Дома Фудбал Јунајтед и Челси прават голема размена, навивачите не се задоволни!

Јунајтед и Челси прават голема размена, навивачите не се задоволни!

Уште девет дена остануваат од трансфер-периодот на Островот, а сега пристигна информација дека ривалите договараат размена на двајца играчи.

Во претходните денови многу се пишуваше за заминувањето на Алехандро Гарначо од редовите на „Црвените ѓаволи“, како и на Кристофер Нкунку од редовите на „сините“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Аргентинецот не одговара баш на тактичките замисли на новиот тренер, Рубен Аморим. Гарначо по природа е класично крило, а португалскиот стратег игра со формација со две „десетки“, без вистински крила.

Откако дојде, го ставаше на повеќе позиции, токму на таа „десетка“, како и на позицијата на крилен бек, но тоа не одеше најдобро. Проблем кај Гарначо е и недостигот на дисциплина што го покажа во неколку наврати.

Како што пренесува реномираниот новинар на германскиот „Скај“, на повидок е размена на лутите ривали за овие два млади играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Робињо за времето во затворот: Немам посебен третман, фудбал играме само во недела – кога нема работа!

Еден период го нарекуваа наследник на Пеле, но сега Робињо издржува деветгодишна казна во …