Младиот српски кошаркар повторно доби голема доверба од тренерот Ерик Сполстра и за 32 минути на теренот успеа да постигне 21 поен, додаде и осум скока и пет асистенции во победата на неговиот Мајами против Портланд со 119:98.
За Јовиќ, ова е најдобрата изведба во досегашниот дел од сезоната, а доказ дека игра сè подобро е и тоа што ова е петтиот натпревар во кој Јовиќ има двоцифрен учинок. Инаку, имаше и одличен шут за три поени, четири од седум.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Хиро беше најефикасен на натпреварот со 32 поени, додека кај Портланд Симонс постигна 28.