Поранешниот репрезентативец на Латвија Јанис Тима и кошаркар на бројни европски клубови си го одземал животот во ноќта меѓу 16 и 17 декември по разводот од сопругата Ана Седокова, но сега се појавија нови детали од случајот.
Бившата сопруга на Тима, Ана Седокова, ги презела сите финансиски трошоци поврзани со организирањето на погребот на својот поранешен сопруг. Русинката завршила во болница поради нервен слом по веста за самоубиството на Тима. Меѓутоа, првата сопруга на Тима, Сана Оша, изјавила дека Седокова не била вклучена во финансиските средства. Според нејзините зборови, во рок од четири часа луѓето собрале 60.000 евра за да се покријат трошоците за пренос на телото на Тима од Русија во Латвија.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Седокова и Тима биле во брак од 2020 година. Во октомври 2024 година било објавено дека парот поднел барање за развод, а во декември бракот бил официјално прекинат.
Меѓутоа, доаѓаат нови информации во овој случај, а пријателот на Тима, Марк Пугачев, ја обвинува токму Седокова дека е виновна за смртта на Латвиецот и дека тој не се самоубил.
„Пријатели, сакам да ве информирам. Денеска Истражниот комитет на Република Латвија отвори случај за насилната смрт на Јанис, во кој сум еден од главните сведоци. Така што сум среќен што случајот во Латвија е веќе отворен, не стоиме во место, иако можеби мислите дека овде ништо не правиме. Во моментот се занимаваме со случајот во Москва, каде што сè е многу посложено. Но, ништо, ќе се обидеме и ќе видиме. Нека истрагата ја води својата работа. Знам само едно: ако некој е вмешан, таа личност ќе биде поканета на сослушување во Латвија. Ако таа личност не дојде, ќе биде распишана потерница, а потоа и меѓународна потерница на Интерпол“, објави сега Пугачев на социјалните мрежи.