Дома Топ вести Јунајтед спреми 50 милиони за дефанзивецот на Аталанта

Јунајтед спреми 50 милиони за дефанзивецот на Аталанта

Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а тој најверојатно ќе пристигне од Серија А.

Според информациите од Островот прва мета е Кристиан Ромеро од Аталанта, за кого Јунајтед е спремен да плати 50 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Аргентинецот одигра одлична сезона сезона во Бергамо и беше избран за најдобар дефанзивец во Серија А. Аталанта има опција да го откупи неговиот договор за 16 милиони евра и веќе го известила Јувентус дека ќе ја активира откупната клаузула.

Солскјер верува дека Ромеро ќе биде идеален партнер на Мегваер и веќе стапиле во контакт со неговиот агент. За неговиот потпис се спреми да понудат 50 милиони евра, сума која Аталанта нема да може да ја одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…