Дома Трансфер зона Јунајтед спреми 30 милиони за 16-годишен „вундеркинд“

Јунајтед спреми 30 милиони за 16-годишен „вундеркинд“

Манчестер Јунајтед ќе биде активен на трансфер пазарот во јануари, па покрај напаѓач е на добар пат да обезбеди и засилување за иднината.

Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 30 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Иако има смао 16 години тој веќе запиша 23 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.

Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.

Понудата од 30  милиони фунти вклучува и обештетување и соодветни бонуси, зависно од тоа како Белингем ќе се развива понатаму и ќе напредува. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…