Дома Фудбал Англија Јунајтед и Сити не се победија во досадно дерби на „Олд Трафорд“🎥

Јунајтед и Сити не се победија во досадно дерби на „Олд Трафорд“🎥

Дербито на Манчестер не ги оправда очекувањата и не само што немаше голови, немаше ни многу возбудувања, па Јунајтед и Сити ги поделија бодовите.

Двата тима од самиот старт тргнаа претпазливо и само спорадично се закануваа на двете страни.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најзрелата шанса ја имаа „граѓаните“ на средината на првото полувреме кога Ријад Марез излезе сам пред противничкиот голман, но не успеа да го совлада Де Геа.

Во второто полувреме гледавме израмнета битка, главно на средината од теренот, со неколку спорадични шанси на двете страни.

После ова реми, двата тима останаа на четири, односно пет бода од врвот на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…