Белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини поминува тежок период на „Олд Трафорд“ па би можел да ја промени средината уште во јануарскиот преоден рок.
Фелаини е на удар на навивачите на Јунајтед кого директно го обвинуваат за испуштената победа против Евертон, кога Белгиецот направи пенал во последните моменти од натпреварот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Вест Хем покажува силен интерес за Фелаини и сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната.
Вест Хем се наоѓа на 17 позиција во Премиер лигата, а менаџерот Славен Билиќ призна дека бара решение за средниот ред затоа што тимот го загубил интензитетот последните недели.