Францускиот фудбалер Пол Погба веќе неколку натпревари Манчестер Јунајтед го следи од клупата за резервни играчи и се почести се шпекулациите дека веќе во јануари ќе го напушти Олд Трафорд.
Не е тајна дека Погба е во лоши односи со Жозе уште од летоска, но остана во клубот бидејќи беше стандарден член на првата постава. Но, во претходните недели тоа се промени откако Моу го пресели на клупата и тензијата меѓу нив двајца е се поголема.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Долго се зборува за тоа дека Погба во јануари сака да го напушти Јунајтед, но тешко е да се очекува дека Црвените ѓаволи ќе го продадат. Во Јунајтед повеќе размислуваат Погба да иде на позајмица до крајот на сезоната, но на лето да се врати во клубот, откако Мурињо веројатно тогаш ќе го напушти Јунајтед.
Наводно, Погба е блиску наредните шест месеци да го помине во Јувентус, но клубот од Торино сака опција да може да го откупи неговиот договор. Нормално, за Јунајтед тоа е незамисливо, но ќе биде интересно да се види што на крајот ќе одлучат челниците на клубот од Олд Трафорд.