Тренерот на Јувентус, Макс Алегри сака на лето да направи големи промени во средниот ред.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јувентус е во потрага по квалитетни засилувања на средниот ред, а прва мета е Леандро Паредес од ПСЖ.
Паредес не добива голема минутажа во ПСЖ, па „светците“ се спремни да го продадат на лето.




Аргентинецот има големо искуство во Серија А и се очекува „бјанконерите“ наскоро да започнат преговори за негов трансфер во Торино.




Јувентус ќе се обиде да го донесе на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето. Притоа „бјанконерите“ сакаат да се ослободат од Артур, кој не ги оправда очекувањата во Торино.