Јувентус е заинтересиран и спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Тутоспорт“.
„Старата дама“ започна преговори со Челзи за трансфер на Матијас де Лихт, а прва желба за негова замена за Кулибали од Наполи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето. Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба.
30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата, а Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент.
„Бјанконерите“ спремаат понуда од 40 милиони евра, но проблем е што Наполи не сака да го продаде на директен конкурент.