Се погласни се шпекулациите дека Марсело на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид.
„Дон Балон“ пренесува дека Бразилецот веќе донел одлука и избрал кариерата да ја продолжи во италијанската Серија А.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За неговиот потпис се силно заинтересирани Јувентус и Интер, а Марсело веќе донел одлука да го напушти Реал Мадрид.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис поради одличните односи кои Бразилецот ги има со Кристиано Роналдо.
32-годишниот Марсело на лето ќе влезе во последната година на договорот, па Реал Мадрид нема да му стои на патот и ќе го пушти да си замине.
#Marcelo alla #Juve, si aprono le porte: il Real lo ha messo in vendita e #TheoHernandez accende il caso https://t.co/o3aD6Qzh65 pic.twitter.com/ST6hbx4LRv
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 4, 2021