Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по португалски репрезентативец

Јувентус тргнува по португалски репрезентативец

Скаутите на Јувентус веќе подолго време ги следат настапите на плејмејкерот на Спортинг Лисабон и португалски репрезентативец, Бруно Фернандеш.

Раководството на Јувентус веќе работи на засилувањата за следната сезона, а италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ е силно заинтересирана за португалскиот репрезентативец.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


23-годишниот Бруно Фернандеш игра фантастична сезона во дресот на Спортинг Лисабон и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Плејмејкерот има 14 гола и 12 аситенции оваа сезона на 47 натпревари.

Фернандеш има договор со португалскиот клуб до 2022 година, а Спортинг за неговата слобода бара најмалку 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…