Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по Ван де Бек

Јувентус тргнува по Ван де Бек

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.

Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Јувентус, кој сака да го донесе во Торино.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


23-годишниот Холанѓанец оваа сезона добива многу мала минутажа во Премиер лигата, а беше купен за 45 милиони евра.

За неговиот потпис интерес покажуваше и Барселона, но „црвените ѓаволи“ ја добија битката за неговиот потпис.

Сега Јувентус сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А уште во јануарскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…