Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Јувентус, кој сака да го донесе во Торино во јануарскиот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има одиграно само 74 минути во Премиер лигата, а беше купен за 45 милиони евра.
За неговиот потпис интерес покажуваше и Барселона, но „црвените ѓаволи“ ја добија битката за неговиот потпис.
Сега Јувентус сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А уште во јануарскиот преоден рок.